Заврши голготата на Кралевите – Авионот на Реал Мадрид конечно слета во Памплона

Вистинска голгота преживеа фудбалската експедиција на Реал Мадрид, но најважно за нив е што конечно слетаа во Памплона за мечот против Осасуна што ќе се игра денеска.

Летот беше одложен за четири часа поради снежната покривка на аеродромот во Мадрид, а речиси толку, или точно 220 минути фудбалерите на најтрофејниот шпански клуб без затворени во авионот и чекаа дозвола за полетување.

Во Шпанија и во Португалија деновиве беснее бурата „Филомена“, што беше причина и за непријатните моменти што ги доживеа експедицијата на Реал Мадрид.

Што е најлошо, иако дојдоа навреме за дуелот со Осасуна на „Ел Садар“ стадионот во Памплона, неизвесно е дали мечот закажан за 21 часот вечерва ќе се игра.

Веќе е одложен еден натпревар од ова коло и денеска од 16.15 часот немада се игра дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести