Одложен еден меч од последното шесто коло во Лигата на Европа

Дуелот меѓу Вилјареал и Карабах кој требаше да се игра в четврток, во рамките од шестото коло во Лигата на Европа, е одложен. Причина за неодигрувањето на средбата во планираниот термин е тоа што во гостинскиот тим има повеќе заразени фудбалери со Коронавирусот.

Од УЕФА засега не објавуваат дали мечот ќе се одигра во некој друг термин, или Вилјареал ќе добие службена победа. Единствената добра работа во оваа ситуација е тоа што Жолтата подморница веќе го има обезбедено првото место во својата група, додека Карабах сигурно ќе биде последен, без разлика на епилогот од последното коло.

- Оглас -

Најнови вести