Одложен мечот против Лејтон, Тотенхем ќе биде одморен за дуелот со Шкендија

Дуелот Тотенхем – Лејтон ориент од третото коло во Лига купот на Англија кој требаше да се одигра вечерва е одложен до одредување на нов слободен термин. Поради позитивни случаи на корона-вирус во редовите на англискиот четвртолигаш, одлучено е да не се ризикува.

Тоа значи дека екипата на Жозе Мурињо ќе има повеќе време да се подготвува за пресметката против Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа, дуел кој е предвиден за четврток навечер.

Мурињо беше првиот кој се побуни за густиот распоред кој го има неговиот тим, па одлуката да се одложи мечот со Лејтон е во негова полза.

- Оглас -

Најнови вести