Одложен стартот на кошаркарското првенство

Почетокот на домашното првенство во Првата лига во машка сениорска конкуренција за сезоната 2019/20 е одложен. Ова го објави Кошаркарската федерација која со ова купува време за да го реши проблемот по откажувањето на АВ Охрид.

„Иако беше предвидено натпреварувањата во сениорската категорија да започнат во претстојниот викенд (5 октомври, 2019 година), поради непредвидени новонастанати ситуации почетокот на натпреварувачката сезона се одложува“, велат од КФСМ.

По откажувањето на Галебите само на пет дена пред стартот на лигата, во вода падна ждрепката која се правеше, па сега Перо Антиќ и соработниците треба да решат што понатаму. Лигата може да се игра со 10-те тима кои се сигурни, можеби ќе се прошири на 12 со вклучување на Шкупи и Ангели, кои како второлигаши можеби би биле заинтересирани, а треба и да им се даде малку време на кошаркарите кои одеднаш останаа без клуб да си ја најдат среќата на друго место.

- Оглас -

Најнови вести