Одложената средба Интер – Сасуоло доби нов термин

Серија А го одреди 7 април за нов датум на кој ќе се одигра дуелот меѓу Интер и Сасуоло во рамките од од 28-то коло. Оваа средба се одложи минатата недела откако во редовите на Интер се појавија неколку случаи на ковид-19, по што лидерот немаше услови да се појави на теренот.

Затоа, двете екипи на „Џузепе Меаца“ ќе се сретнат по репрезентативната пауза на 7 април во 17:45 часот, а на истиот ден силите ќе ги одмерат Јувентус и Наполи во дербито кое се одложи во третото коло од италијанскиот шампионат.

И ова дерби беше одложено поради случаи на корона-вирус во редовите на Наполи. На клубот од Неапол прво му беше доделен службен пораз бидејќи не отпатува за Торино и му беше одземен бод, меѓутоа раководството на Серија А ја промени одлуката, па така актуелниот шампион ќе мора на терен да се избори за бодовите против тимот на Елиф Елмас.

 

- Оглас -

Најнови вести