Одложени голем број спортски настани кои требаше да се одржат во Грција

Во Грција е прогласена тридневна жалост по ужасната трагедија во која загинаа најмалку 38 лица кога се судрија патнички и товарен воз, па одложени се повеќе спортски натпревари кои требаше да се играат кај нашиот јужен сосед.

Еден од мечевите кои требаше да се игра денеска беше меѓу Ламија и ПАОК од полуфиналето на Купот на Грција. Овој дуел се одложува по вторпат, а првиот пат причината беше снегот кој го затрупа стадионот во Ламија.

- Оглас -

Најнови вести