Одреден нов датум за Тур де Франс

Тур де Франс доби нов датум за одржување и нема да биде откажан како што првично се тврдеше. Наместо во стандардниот термин од 27 јуни до 19 јули, велосипедскиот шампионат во Франција ќе се одржи од 29 август со 20 септември.

Најпопуларното велосипедско натпреварување ѝ пркоси на пандемијата со корона-вирусот, која го стави спортот во застој низ целиот свет, а фактот што се одреди нов датум наместо да се одложи, дава надеж дека и останатите спортови полека може да размислуваат за враќање на програмата.

Сепак, нема да биде дозволено присуство на публика, а се верува дека и останатите големи трки ќе се одржат. По Тур де Франс ќе се вози и на Светското првенство од 20 до 27 септември, Џиро д’Италија веројатно ќе се одржи од 3 до 25 октомври, додека се чека термин за шпанската Ла Вуелта.

- Оглас -

Најнови вести