Одредени двојките за полуфиналето на шпанскиот Kуп

Атлетик Билбао – Леванте и Севилја – Барселона се полуфиналните двојки од Купот на Шпанија во фудбал. За разлика од досегашните рунди, овојпат ќе се играат по два меча.

Леванте на Енис Барди првпат е полуфиналист и има прилика да испише нова страница во историјата и да се пласира во Купот. Атлетик ако се најде во финалето на 17 април, за две недели ќе треба да игра две финалиња во Купот на Шпанија бидејќи на 3 април ќе го игра ланското финале против баскискиот ривал Реал Сосиедад.

Севилја има мотив да ја елиминира Барселона и финалето да го игра во својот град, на стадионот „Ла Картуха“. Барса среќно и мајсторски се провлече во четвртфиналето против Гранада, а бидејќи во ЛП или шпанската лига тешко дека ќе го освојат трофејот, Купот е утеха за Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести