Одредени се сите селектори на младинските кошаркарски селекции

По неколку одржани состаноци, Стручниот совет донесе одлука за назначување на следните селектори на младинските репрезентации кои во 2019 година ќе учествуваат на Европските првенства (дивизија А и дизивија Б). За ЕП за жени до 18 години од дивизијата Б, кое во јули 2019 година ќе се одржи во Скопје, селекцијата М18 жени ќе ги предводи Игор Гацов.

Дарко Радуловиќ ќе ја предводи машката репрезентација до 20 години на Европското првенство од дивизија Б, кое ќе се одржи во Матосињос, Португалија, шампионат кој ќе се игра од 12-ти до 21-ви јули 2019 година.

Јуниорите, односно селекцијата мажи до 18 години, ќе биде предводена од Михаил Наумовски, а ќе учествуваат на ЕП дивизија Б, кое ќе се одржи во Орадеа, Романија, во август следната година.

Денис Дервишевиќ ќе биде селектор на репрезентацијата мажи до 16 години, кои ќе се натпреваруваат во дивизијата А од ЕП, а шампионатот ќе се одржи во Удине, Италија,  во август 2019 година.

Виолета Здравковиќ ќе ја предводи најмладата селекција жени до 16 години, а тие ќе се натпреваруваат на ЕП од дивизијата Б, првенство кое ќе се одржи во Софија, Бугарија, во август 2019 година.

М20 мажи
Селектор: Дарко Радуловиќ
Помошен тренер: Николче Божиновски
Ментор: Бранко Андриевски

М18 мажи
Селектор: Михаил Наумовски
Помошен тренер: /
Ментор: Александар Петровиќ

М16 мажи
Селектор: Денис Дервишевиќ
Помошен тренер: Александар Ашаданов
Ментор: Марјан Лазовски

М18 жени
Селектор: Игор Гацов
Помошен тренер: Златко Мокров
Ментор: Зоран Балов

М16 жени
Селектор: Виолета Здравковиќ
Помошен тренер: Ведран Белешковски
Ментор: Жаклина Стојановска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести