Одриосола не тренираше, заминува од Реал и оди во друг голем клуб

Реал Мадрид ќе го позајми 24-годишниот десен бек Алваро Одриосола во Баерн Минхен. Одриосола е резерва во Реал на позицијата на која стартер е Даниел Карвахал. Тој во Реал дојде во летото 2018 година од Реал Сосиедад, но освен со брзината, не се истакна со ништо друго. И Атлетик Билбао се интересира за него, но ќе игра за баварскиот гигант.

Дека работата е сериозна и дека преговорите се во завршна фаза, докажува и фактот дека Одриосола денеска не тренираше со екипата на Реал. Сега на десната позиција како резервни варијанти за Карвахал остануваат Милитао, Начо, па и Лукас Васкес, а тука е и младиот Серхио Лопес од Рел Мадрид Б.

На Баерн му треба нова опција на местото десен бек бидејќи Кимих и Павар се потребни и во дефанзивниот дел на средниот ред.

- Оглас -

Најнови вести