Официјално: Андреацоли две години на клупата на Џенова

Аурелио Андреацоли и официјално е нов тренер на Џенова, откако стратегот денес потпиша двегодишен договор со калчолигашот. Андреацоли на кормилото го замени поранешниот селектор на Италија Чезаре Прандели, кој не ги оправда средствата откако беше назначен за тренер на Џенова во декември минатата година.

Андреацоли изминатата сезона го предводеше тимот на Емполи, со кој не успеа да обезбеди опстанок во Серија А во последното коло, откако претрпе пораз од Интер. Токму Џенова беше екипата која заврши пред Емполи на табелата поради подобар меѓусебен учинок, но сега Андреацоли ќе има нова шанса да се докаже во најелитниот италијански шампионат.

Она што нас нè интересира, е дали капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ќе има прилика да соработува со новиот тренер, бидејќи има шпекулации дека би можел да ја промени средината во пресрет на новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести