Официјално: Давид Луиз потпиша за Фламенго

Искусниот бразилски дефанзивец, Давид Луиз, кариерата ќе ја продолжи во Фламенго, и таму ќе го носи дресот со бројот 23. Луиз со клубот од Рио де Жанеиро потпиша едногодишен договор.

Давид Луиз минатата сезона играше за лондонски Арсенал, и на 20 меча во Премиерлигата даде еден гол. Откако му истече договорот со Топчиите на 30-ти јуни, тој се обидуваше да си најде клуб во Европа, но не успеа, и одлучи да ја прифати понудата од Фламенго.

- Оглас -

Најнови вести