Официјално: Дејан Ловрен е нов член на рускиот Зенит!

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен е нов член на Зенит од Санкт Петербург. Денеска се официјализираше трансферот од англискиот во рускиот шампион. Ловрен дресот на Ливерпул го носеше шест години.

Ловрен одигра 185 меча за Црвените од „Енфилд“, а таму дојде од Саутхемптон во јули 2014. Како играч на Ливерпул даде осум гола, најважниот во продолжението од четвртфиналето на Лигата на Европа во 2016-та година, со кој му помогна на тимот да се најде во полуфинале.

Ливерпул од Зенит ќе добие 11 милиони фунти.

„Легенда на клубот си заминува. Тој живееше со тимот. Тој беше многу важен дел уште од првиот ден кога дојдов тука. Одигра супер мечеви кога беше здрав, особено против Дортмунд во Лигата на Европа. Прекрасен човек и играч. Секогаш ќе биде добредојден во Ливерпул“, рече тренерот Јирген Клоп.

 

- Оглас -

Најнови вести