Официјално: Џердан Шаќири има нов клуб!

Швајцарскиот фудбалер Џердан Шаќири е нов член на Лион. Шаќири со францускиот клуб ќе потпише тригодишен договор откако и формално ќе ги мине медицинските тестови.

За ослободувањето на Шаќири, кој имаше договор до следното лето, Лион на Ливерпул ќе треба да му плати 12 милиони евра. Во минатата сезона во дресот на Црвените од „Енфилд“, косовскиот Швајцарец имаше еден гол и четири асистенции на 22 меча.

- Оглас -

Најнови вести