Официјално: Ерик тен Хаг останува во Јунајтед најмалку уште две сезони

Манчестер јунајтед и официјално соопшти дека Ерик тен Хаг останува тренер на екипата и во следните две сезони. Црвените ѓаволи и холандскиот тренер потпишаа продолжување на договорот, кој сега е со важност до 2026 година.

Навивачите на Манчестер јунајтед беа незадоволни од резултатите и долго бараа смена на тренерот, а кон крајот на штотуку завршената сезона се чинеше дека ерата на Тен Хаг завршува. Сепак, на крајот се покажа дека раководството има комплетна доверба во тренерот и го продолжи договорот.

„Многу сум среќен што се договоривме со клубот да останам во Манчестер јунајтед и да продолжиме да работиме заедно“, рече Ерик тен Хаг по потпишувањето на договорот.

Манчестер јунајтед со Ерик тен Хаг на клупата во претходните две сезони освои два трофеја. Минатата сезона се радуваа на трофејот од ФА купот, додека претходната на англискиот Лига куп.

- Оглас -

Најнови вести