Официјално: Филипс шест години во Сити

Манчестер сити го официјализира трансферот на Калвин Филипс од Лидс за сума од 48 милиони евра. Англискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со Граѓаните и го задолжи дресот со број 4.

Филипс потекнува од школата на Лидс и за овој клуб запиша 232 настапи со учинок од 13 погодоци и исто толку асистенции. Тој е замената за Фернандињо, кој беше организатор на играта на Сити во изминативе девет години.

„Една од причините што се одлучив за промена и преселба во Сити е затоа што сакам да го подигнам нивото на мојата игра. Овој клуб е вистинското место за да ја исполнам мојата цел“, истакна Филипс на промоцијата.

https://twitter.com/ManCity/status/1543881834366439426

За англискиот првак ова е трето летно засилување. Претходно Ерлинг Халанд пристигна за 60 милиони евра, како и Стефан Ортега бесплатно во улога на втор голман.

- Оглас -

Најнови вести