Официјално: Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Милан

Милан и Златан Ибрахимовиќ го потпишаа договорот за меѓусебна соработка и во следната сезона 2021/2022. Клубот од Милано и шведскиот голгетер се задоволни меѓу себе, па она што беше прво усно договорено, сега е ставено и на хартија.

Ибра во дресот на Милан има 84 гола на 130 меча. Швеѓанецот во Италија има играно и за Јувентус и Интер, но најмногу настапи има за Милан. Тој во октомври ќе наполни 40 години, што значи дека легендата во Серија А ќе игра и по својата четврта деценија од животот.

- Оглас -

Најнови вести