Официјално: Кен потпиша петгодишен договор со Евертон

Младиот италијански напаѓач, Моизе Кен, е нов член на Евертон, откако денеска стави потпис на својот петгодишен договор со клубот од Ливерпул. Кен во дресот на Јувентус даде 6 гола на 13 меча во Серија А, а за „аѕурите“ погоди двапати во три настапи.

Кен е петтото засилување за „карамелите“ после Гбамин, Андре Гомеш, Лосл и Делф, а се шпекулира дека Евертон за него платил околу 36 милиони фунти. Неделната плата на црномурестиот 19-годишен Италијанец ќе биде 52.000 фунти.

„Горд сум што ќе го носам дресот на Евертон. Ме убедија да потпишам бидејќи Евертон е клуб кој има светла иднина. Ќе давам максимум за клубот. Ја знам големината на Евертон, имаме амбиции и ќе работам напорно за да успееме во планираното. Навикнат сум да победувам, и сакам на тимот да му го донесам тој победнички менталитет“ – рече Кен.

- Оглас -

Најнови вести