Официјално: Комплетиран најбомбастичниот трансфер во историјата на АБА-лигата!

Белградската Црвена ѕвезда на денот кога беше погребана една од нејзина фудбалска легенда донесе огромно засилување за својот кошаркарски клуб.

Се официјализираа најавите, аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо е нов член на Црвено-белите.

Искусниот Кампацо од 2014 до 2020 година беше член на Реал Мадрид, двапати ја освои Евролигата, а потоа премина во НБА-лигата, играше за Денвер нагетс и Далас маверикс, од каде што доаѓа во Ѕвезда.

Според познавачите, ова е најскап и најбомбастичен трансфер во историјата на јадранската АБА-лига, но Ѕвезда игра и Евролигата, па со Кампацо во составот сега е многу поконкурентна и во елитното европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести