Официјално: Кристијан Ериксен е нов играч на Манчестер јунајтед!

Данскиот фудбалер за врска, Кристијан Ериксен, потпиша тригодишен договор со Манчестер јунајтед.

Ериксен кој има 30 години, во Јунајтед доаѓа од Брентфорд каде почна „втор живот“ после ланскиот настан кога дресе меч од ЕП доби срцев удар и за малку ќе починеше. Му беше вграден дефибрилатор, па затоа не можеше да остане во Интер и во Италија, па се врати во Англија, каде има играно и за Тотенхем.

„Сум ја имал честа многу пати да играм на Олд Трафорд, но играњето таму во дресот на Манчестер јунајтед ќе биде нешто феноменално“ – рече Ериксен, кој на новите соиграчи треба да им се приклучи на 30-ти јули, пред заминувањето во Осло и подготвителниот меч против Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести