Американскиот стручњак Џеси Марш, веќе не е тренер на Лајпциг. Бундеслигашот го раскина договорот со 48-годишниот тренер, откако по 14 кола во германската лига, Црвените бикови се само 11-ти на табелата.
За привремен тренер е поставен Ахим Бајерлорцер, кој ќе ги води против Манчестер сити, а се шпекулира дека наследникот на Марш на клупата ќе биде Италијанецот Доменико Тедеско.