Официјално: Лејкерс нема да игра плејоф, а Феникс испиша историја

Феникс санс го победи Лос Анџелес лејкерс со 121-110 во еден од 12-те натпревари во НБА-лигата кои се одиграа рано утрово.

За Санс, ова е 63-та победа сезонава и тоа е нов клупски рекорд, а ѕвездениот состав на Лејкерс и дефинитивно остана без шанса да се најде во плејин-разигрувањето, за плејофот немаше ни говор, па атакот на рекордната 18-та титула во НБА ќе ја чекаат во некои подобри времиња. Се покажа дека без здрави Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Езерџиите не се тим кој може да ги загрози најдобрите.

Лејкерс и да победеше во Феникс, ќе отпаднеше од трка за плејин бидејќи Сан Антонио победи против Денвер (Јокиќ имаше 41 поен и 17 скока).

Џејмс е втор стрелец во НБА, но му фалат два меча за да дојде до бројка од 70 проценти одиграни натпревари за да го водат на листата најдобри стрелци.

Лејкерс во 2020 ја освои титулата во ковид-услови кога плејофот се играше во Дизниленд, но по вторпат за четири сезони откако го купија Леброн Џејмс нема да играат плејоф. Џејмс играше само на 25 меча, на кои победи неговиот тим сезонава и тоа му е негативен рекорд во кариерата.

Место во плејофот обезбедија Јута џез и Торонто репторс. Во победата на Јута над Мемфис одличен дабл-дабл од 22 поени 21 скок имаше Руди Гобер.

- Оглас -

Најнови вести