Официјално: Луис ван Хал по трети пат стана селектор на Холандија

Луис ван Хал (69) повторно, по трети пат, е поставен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија. Ван Хал, кој во 2019 година објави крај на тренерската кариера, потпиша договор со Холандската федерација до крајот на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Ван Хал, кој е некогашен тренер на Ајакс, АЗ Алкмар, Барселона, Манчестер јунајтед и Баерн Минхен, беше селектор на Лалињата и во 2000-2002 година и од 2012 до 2014 година. Во 201, стигна до третото место на Мундијалот во Бразил.

Прва задача на Ван Хал ќе му биде да ја однесе својата земја на СП. Во моментов, Холандија е втора во својата квалификациска група, со еден бод зад Турција. Прв меч по камбекот на клупата ќе му биде гостување кај Норвешка на 1 септември, а во септемврискиот циклус има и домашни дуели со Црна Гора и Турција.

- Оглас -

Најнови вести