Официјално: Нико Ковач три години во Монако

Монако и официјално го ангажираше Нико Ковач за нов тренер на екипата. Хрватскиот стратег потпиша тригодишен договор со Кнезовите, со опција тој да се продолжи на уште една сезона.

Само по неколку часа откако ја прекинаа соработката со Роберто Морено, Кнезовите не чекаа долго и го назначија Ковач за нов кормилар, за кого пак ова е прв ангажман откако доби отказ во Баерн Минхен кон крајот на минатата година.

- Оглас -

Најнови вести