Официјално: Новата сезона во Премиер лигата стартува на 12 септември

Премиер лигата го одреди 12 септември како датум за старт на новата 2020/21 сезона. Последното 38-мо коло во англискиот шампионат ќе се одигра на 23 мај.

Актуелната сезона завршува претстојниот викенд, додека нема да изминат ниту два месеци до почетокот на новата сезона, што е одлична вест за фановите на англискиот фудбал.

Дополнително ќе се обелодени целосниот распоред на натпреварите. Во новата сезона Ливерпул ќе влезе како бранител на титулата.

- Оглас -

Најнови вести