ОФИЦИЈАЛНО ПОТВРДЕНО: Зидан ќе игра за Реал против Уеска

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реши во стартниот состав за дуелот против Уеска, да го стави својот син, Лука. Младиот Зидан е голман и тој по втор пат ќе биде на голот на Реал во Примера дивисион. Дебито го имаше пред две сезони, кога исто така татко му беше тренер.

Куртоа кој пред почетокот на сезоната беше донесен како големо засилување, воопшто го нема во составот, а Кејлор Навас е резерва. Оваа одлука на Зизу се очекуваше и уште утрово шпанските медиуми најавија дека се очекува Лука да дебитира.

Ова е составот на Реал, за дуелот кој започнува во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести