Ромелу Лукаку, репрезентативецот на Белгија, и официјално е нов фудбалер на Наполи откако членот на Серија А на социјалните мрежи го потврди трансферот. Челзи од продажбата на Лукаку ќе заработи 30 милиони евра, плус дополнителни бонуси, а Белгиецот потпиша тригодишен договор и ќе заработува по 12 милиони евра годишно.
Romelu is proud to be one of us!
💙 #ProudToBeNapoli | #ForzaNapoliSempre | #WelcomeLukaku pic.twitter.com/Z4R4x4LVkz
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) August 29, 2024
Лукалу последните две сезони ги мина на позајмица во Италија. Минатата сезона беше дел од Рома, а претходно од Интер и играше во финалето на Лигата на шампионите пред две години.