Официјално: Роналдо се сомничи дека силувал, може да добие доживотен затвор!

Кристијано Роналдо се соочува со сериозни предизвици. Ќе мора да докаже дека не е виновен по сомнежите дека извршил силување во 2009 година, додека бил во Лас Вегас. Полицијата во овој град во САД потврди дека отворила истрага по обвиненијата дека фудбалерот во 2009 година извршил силување. Засега од полицијата најавија дека не планираат да откриваат нови детали.

Германскиот весник „Шпигел“ разговараше со манекенката Кетрин Мајорга која сега има 34 години, а тврди дека во летото 2009 година била силувања од Роналдо. Според исказите, Португалецот ја повикал девојката во својата соба, а потоа брутално ја силувал.

Мајорга работела како хостеса во хотелот, а со Роналдо се запознала во ВИП-делот од диското кое било во рамките на хотелот. По забавата, заедно заминале во неговата хотелска соба, каде што и се случил целиот настан.

„Откако ме силуваше, ми се извини. Клекна и ми рече дека 99 отсто е добро момче, но не знае што е тоа еден отсто во него“, изјави Мајорга за германскиот весник „Шпигел“. Адвокатите на Роналдо веднаш испратија тужба до весникот за објавената статија.

Една година по настанот, Мајорга на сметка добила 375.000 долари како надомест, но и да молчи и да не зборува ништо за целиот случај. Девојката вели дека тогаш решила да молчи и да не кажува никому затоа што не сакала нејзиното име да се спомнува во медиумите, но и поради стравот од популарноста на Роналдо.

Сепак, сега девет години подоцна, полицијата во Лас Вегас отвори случај за силување. Според законите во американската федерална држава Невада, нема застарување на случај за силување ако жртвата го пријавила случајот за четири години. За вакво дело може да се добие и доживотна казна затвор, а најбрзо може да се излезе за 10 години.

- Оглас -

Најнови вести