Официјално: Севилја има нов тренер!

Аргентинецот Хорхе Сампаоли (62) е нов тренер на Севилја. Андалузискиот клуб беше договорен со Сампаоли уште пред синоќешниот меч против Борусија Дортмунд, но на таа средба екипата за последен пат ја водеше Хулен Лопетеги.

Сампаоли ја има водено Севилја и во 2016/2017, па ова му е враќање во добро позната средина. Договорот му е до јуни 2024, а првиот тренинг ќе го одржи доцна попладнево.

Најголемите успеси на Сампаоли се врзани за работата како селектор на Чиле. Во 2014 стигнаа до осминафинале на Мундијалот во Бразил, кога испаднаа од домаќинот на пенали, а потоа во 2015 ја освои Копа Америка. Осминафинале на СП имаше и во 2018 со Аргентина, кога испаднаа од Франција.

Последен клупски ангажман му беше во Марсеј, со кој беше втор во Франција во 2021/2022, а дојде и до полуфинале во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести