Италијанскиот стручњак Стефанo Пиоли е нов тренер на саудискиот клуб Ал-Наср, во кој најголема ѕвезда е Кристијано Роналдо. Пиоли потпиша тригодишен договор, а платата ќе му биде 12 милиони евра по сезона.
Пиоли, кој следниот месец ќе наполни 59 години, во мај си замина од Милан, со кого во 2022 ја овои титулата во Италија, а негови претходни клубови беа: Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, итн.
Ова ќе му биде прво искуство во странство, но во тимот има играчи кои настапувале во Серија А, како Кристијано Роналдо и Марцело Брозовиќ.
Пиоли ќе биде четвртиот тренер на Ал-Наср откако Роналдо му се приклучи на тимот во јануари 2023 година. Најпрвин Роналдо работеше со Руди Гарсија, па со Динко Јеличиќ, а до пред некој ден со Луис Кастро.