Официјално: Стив Брус тренер на Њукасл

Раководството на Њукасл официјално објави дека го назначува Стив Брус за тренер на тимот, со кого е потпишан договор на три години. Брус е искусен 58-годишен менаџер кој пред два дена депонираше оставка во Шефилд венздеј.

За Брус ова е враќање во Премиер лигата по 2015 година. Тој во кариерата има 348 победи, 329 порази и 227 ремија. Во Премиер лигата водел 329 меча и седми е на вечната листа. Неговите тимови двапати испаѓале, а најдобар пласман му е десетто место.

„Неверојатно сум горд што станав тренер на Њукасл. Ова е тимот од моето детство, омилениот тим на татко ми, затоа ова е посебен момент за мене и моето семејство”, рече Брус на кого ова му е десетти клуб во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести