Официјално: Стивен Џерард е нов тренер на Астон вила!

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, денеска и официјално беше наименуван за нов тренер на премиерлигашот Астон вила.

Тимот од Бирмингам има серија од пет порази по ред во англиското првенство, од 25 септемнври не знаат за победа и по разделбата со Дин Смит, го ангажираа популарниот Стиви Џи. Интересно е што Џерард во Вила доаѓа од клупата на шкотскиот Ренџерс, а главен фаворит за негов наследник во клубот од Глазгов е токму Смит, кој беше отпуштен од Астон вила.

Како играч, Џерард целата кариера ја мина во Ливерпул. Ренџерс за откажувањето од Џерард ќе треба да добие компензација од 4,5 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести