Голем малер за Турција во пресрет на Европското првенство. На десетина дена пред стартот на турнирот остана без еден од најдобрите играчи. На синоќешниот пријателски натпревар против Италија во Болоња, сериозно се повреди дефанзивецот Озан Кабак.
Тој ги скина лигаментите на коленото и нема да учествува на ЕВРО 2024.
Кабак се повреди по еден жесток дуел со Ретеги, а потоа беше изнесен на носилки од теренот.
Првичните прогнози се дека Озан Кабак нема да игра до крајот на оваа година.
Турција се наоѓа во група со Грузија, Португалија и со Чешка на Европското првенство.