Лоша проценка на Тери му одзеде над 200 гола на Челзи

Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро во 2011 година требало да потпише договор со Челзи, но во последен момент трансферот пропаднал, па популарниот Кун премина од Атлетико Мадрид во Манчестер сити за 40 милиони евра. Ова се покажа како најдобар можен потег за Граѓаните бидејќи Агуеро е прв стрелец во клупската историја на Сити.

Шпанските медиуми откриваат дека главен кочничар на преминот на Агуеро во Челзи бил тогашниот капитен на „сините“ од Лондон, Џон Тери.

Тери не сакал таков напаѓач во тимот, дека не му се допаѓало како се движи по теренот, па го послушаа од клубот бидејќи врз нив имаше големо влијание. Сепак, времето покажа дека тоа била грешна одлука на Тери. Агуеро добро се снајде во Англија, за Сити досега одигра 353 меча и даде 244 гола, а има четири титули во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести