Охрабрување за Чави, наследникот на Меси брзо ќе се врати на терен

Ансу Фати пак е повреден, но сега повредата на бутниот мускул не е сериозна и се очекува тој да се врати на терен за помалку од 20 дена.

Тоа се одлични вести за Чави Ернандес, кој од вчера и официјално е нов тренер на Барселона.

Фати нема да игра за Шпанија на двата квалификациски натпревари во завршницата на циклусот за настап на Мундијалот во Катар, но, за среќа на наследникот на Меси и на Барселона, многу брзо ќе му се стави на располагање на Чави.

Ансу се повреди во саботата, на гостувањето на Барселона во Виго, на меч што заврши 3:3, откако се повреди во финишот на првото полувреме. Без него во тимот Барса прокоцка предност од 3:0 и освои само еден бод.

Фати долго беше повреден и не играше речиси една година, односно од ноември лани до финишот на септември годинава.

Тогаш проблем беше коленото поради кое 19-годишниот играч дури трипати беше опериран.

 

 

- Оглас -

Најнови вести