Ракометарите на Охрид се пред портите на полуфиналето во Европскиот куп откако со 26-31 победија на првиот меч против Олимпијакос на гостински терен. Во сабота ги очекува реваншот на домашен терен и се чини дека само чудо може да ги спречи да се најдат меѓу најдобрите четири екипи во третото по ранг ракометно натпреварување.
Спортскиот директор Славчо Ристески вели дека во Грција биле коректно пречекани и мечот минал без никакви проблеми, па апелира до навивачите така да биде и на реваншот во Охрид.
„ГРК Охрид за градот од коло во коло на Европската сцена пишува историја! Одигравме одличен натпревар во Атина и се вративме како победници. Но, имаме уште 60 минути на домашен терен.

