Охриѓани со поддршка од публиката, веруваат во историско финале

Подготвени сме да дадеме сè од себе на реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Целје и веруваме дека заедно со публиката чија енергија ни е многу потребна, можеме да ја анулираме предноста на противникот и да оствариме историски влез во финале, порачаа на прес-конференција тренерот Борис Ројевиќ и играчот на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ.

Првата средба во Словенија заврши со минимална победа на Целје од 27-26.

„Целје е најталентирана екипа во Европа. Пред нас е тешка задача. Се надевам на добра атмосфера во салата, дека охридската публика ќе биде како таа во Целје и е помогне. На првиот меч го запревме Целје на 27 гола, тие цела сезона даваа 35-40 голови, ако пак ги спуштиме на 26-27 голови, мислам дека ќе дадеме повеќе голови отколку таму. Пишуваме историја, свесни сме и се надевам дека ќе се пласираме во финалето“, рече тренерот Борис Ројевиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести