Оклахома одбра погрешна вечер да го налути Олдриџ, нов трипл-дабл на Јокиќ

Сан Антонио спарс го доби исцрпувачкиот дуел со Оклахома сити тандер на продолженија со конечни 154:147. Центарот на спарси, Ламаркус Олдриџ одигра меч за паметење постигнувајќи негов личен рекорд во кариерата, заврши со високи 56 поени, а му недостасуваше еден скок за дабл-дабл учинок.

Победата над Оклахома ќе ја памети и Грег Попович, со која стигна вкупно до 1.222 победи во својата тренерска кариера и сега е трет на вечната листа по број на победи. Пред него се само Лени Вилкенс со 1.332 и Дон Нелсон со 1.335 победи.

Одличен настап имаше и Расел Вестбрук, но ниту неговиот трипл-дабл учинок од 24 поени, 24 асистенции и 13 скока не беше доволен да се избегне поразот во „АТ&Т“ центарот.

 

Никола Јокиќ го предводеше тимот на Денвер до 28-та победа откако Нагетси славеа со 121:100 над ЛА клиперс. Спрскиот центар го запиша петтиот трипл-дабл учинок сезонава со 18 поени, 10 скока и 14 асистенции, а имаше голема помош од најефикасниот играч на средбата Џама Мари, кој заврши со 23 поени.

Денвер ја оствари седмата победа на последните осум средби и речиси по половина од натпреварите во регуларниот дел од сезоната цврсто го држи врвот на Западот пред шампионот Голден стејт.

 

Резултати НБА:

Сан Антонио спарс – Оклахома сити тандер 154:147 (по продолженија)

Денвер нагетс – ЛА клиперс 121:100

Мајами хит – Бостон селтикс 115:99

Сакраменто кингс – Детроит пистонс 112:102

- Оглас -

Најнови вести