Оладипо ги реши „келтите“ (Видео)

Индијана го совлада Бостон со 102:101 во најинтересниот меч од НБА лигата, и тоа благодарение на Виктор Оладипо кој погоди тројка на 3,4 секунди до крајот. Овој дуел имаше 10 изедначувања и 18 смени на водството. Селтикс водеше со 101-97 на 37,2 секунди до крајот, но домашните преку Оладипо кој погоди две слободни фрлања, потоа и тројка, ги израдуваа фановите. За Бостон заврши серијата од четири победи по ред.

Ова е тројката за победа на Оладипо:

„Езерџиите“ од Лос Анџелес славеа во Портланд, благодарение на Леброн Џејмс кој уфрли 28 поени и резервата Реџон Рондо со 17 поени и 10 асистенции. Кај Блејзерс, Лилард и Мек Калум дадоа по 30, но останатите соиграчи потфрлија.

Денвер игра подобра одбрана од лани и тоа се гледа преку резултатите. Во последната четвртина ја разби Јута и сега има скор 8-1, а дома не знае за пораз (5-0). Џејмс Харден се врати после три пропуштени мечеви, и со 25 поени од кои 11 во клучната трета четвртина, даде придонес во победата на Хјустон.

Њу Орлеанс е во црна серија од пет порази по ред, и сите порази им се со двоцифрена разлика, а за првпат не успеаја да дадат 100 поени. Ова е голем пад на тимот кој сезонава тргна со четири победи во низа.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Кливленд 126:94, Индијана – Бостон 102:101, Атланта – Мајами 123:118, Чикаго – Хјустон 88:96, Сан Антонио – Њу Орлеанс 109:95, Денвер – Јута 103:88, Портланд – ЛА Лејкерс 110:114.

- Оглас -

Најнови вести