„Олд фирм“ дерби број 419 – Селтик го брани купот, Џерард атакува на прв тренерски трофеј

Старите лути ривали Селтик и Ренџерс пред повеќе од 50.000 гледачи ќе ги одмерат силите по 419-ти пат во историјата. Популарното „Олд фирм“ дерби ќе биде епицентарот на случувањата на Островот, шкотските гиганти ќе се борат за пехарот во лигашкиот куп.

Селтик е актуелен бранител на трофејот, додека Ренџерс за првпат по сезоната 2010/11 има прилика да додаде уште еден пехар во колекцијата од ова натпреварување. Тимот кој го предводи Стивен Џерард е најуспешен во купот, има вкупно 27 титули, дури девет повеќе од лутиот ривал.

Првиот куп-меч го одиграа во далечната 1947 година, во вкупно 49 средби Ренџерс има 24 победи, една повеќе од Селтик, додека само два меча завршиле нерешено. Севкупно гледано, во 148 средби во сите натпреварувања, Ренџерс има 161 победа, Селтик 158, а во 99 наврати немало победник.

Ако за Келтите е стара навика да се борат за сите трофеи во Шкотска, за легендата на Ливерпул е новитет. Џерард има шанса да го освои првиот трофеј откако фудбалската кариера ја преточи во тренерска.

Последен пат овие две екипи се сретнаа во септември годинава, Селтик на гости славеше со 2-0, тоа беше нивна седма победа во последните 10 меѓусебни средби против Ренџерс.

Дуелот е закажан за 16 часот, Селтик е за нијанса фаворит и според Sport Life има квота од 2.55 за евентуална победа, додека триумф на Ренџерс носи 2.75 коефициент.

- Оглас -

Најнови вести