Олимпијакос е фаворит, но дали ќе го повтори успехот од пред една декада против најтрофејниот во Евролигата? (Фото)

Кошаркарската Евролига дојде до самиот финиш и вечерва ќе биде крунисан новиот “крал“ на европската клупска кошарка. Во финалето во Каунас ќе се сретнат грчки Олимпијакос и Реал Мадрид. Клубот од Пиреја влегува како фаворит во овој натпревар со квота од 1.68 во понудата на Sport Life.

Сепак, Реал Мадрид никогаш и во ниту еден спорт не може да биде аутсајдер и квотата за нивна победа е одлична, дури 2.40. Воедно “кралскиот“ клуб од Мадрид е најтрофејниот во ова натпреварување со дури 10 трофеи, а поразен беше во девет финални натпревари. Реал последниот трофеј го освои во 2018-тата година.

 

На спротивната страна, екипата на Олимпијакос има три победи во финалните натпревари, но и пет порази. Последниот трофеј на екипата од Грција е од 2013-тата година.

Овие две екипи до сега имаат играно три меѓусебни финалиња на Евролигата, а поуспешен е Реал Мадрид со две победи.

Првпат во финале овие две екипи се сретнаа во 1995-тата година кога Реал победи со 73-61. Во 2013-тата година следуваше реванш на Олимпијакос и победа од 100-88. Последното финале на Реал и Олимпијакос е во 2015-тата година, кога “кралскиот“ клуб победи со 78-59.

Понудата во Sport Life вклучува типување и на најпопуларната игра кај кошгетерите, односно “плус-минус“ на поени. Тука се и игрите за бројот на скокови, асистенции и удари за три поени, но и комбинација на статистистичките ефекти на кошаркарите.

- Оглас -

Најнови вести