Олимпијакос нема да им даде шанса на кипарските браќа

6752 Гент – Динамо Киев (21.00 часот)

Белгискиот и украинскиот тим беа вицешампиони во своите земји, па една од овие две држави ќе има два тима во групите од ЛШ. Плејофот се игра во два меча, што значи дека денешниот дуел не е пресуден околу патникот во елитната фаза. Гент пред една недела го елиминираше Рапид Виена, но сега има појак ривал. Динамо го совлада АЗ Алкмар, но во Киев, а овојпат има непријатно гостување пред реваншот дома. Веруваме дека двата тима се способни да дадат гол, што би требало да им одговара на Украинците.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

6753 Молде – Ференцварош (21.00 часот)

Норвешкиот и унгарскиот првак имаат убава прилика да се најдат во групите. Молде во претходната рунда го победи Карабах, и тоа на гости со 1-0, а Ференцварош дома беше подобар од загрепскиот Динамо. Молде не е баш во најдобра форма, викендов загуби во норвешката лига, а Ференцварош има низа од пет меча по ред со три или повеќе голови. Унгарците не знаат за пораз уште од јуни. Гостите може и да калкулираат, Молде мора да победи.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.07)

 

6754 Олимпијакос – Омонија (21.00 часот)

Олимпијакос е фаворит во овој двобој и на првиот меч дома треба да победи со што поголема разлика за да има колку-толку мирен реванш. Омонија на пенали ја елиминираше Црвена ѕвезда и пласманот во баражот ѝ е премија, па и да испадне сега, ќе оди во Лигата на Европа. Пред два месеца, овие тимови меѓу себе одиграа еден пријателски меч и Грците победија со убедливи 3-0. Затоа типуваме дека и сега ќе биде слично сценарио.

Предлог тип: 1-1 (2.00)

 

1111 Лестер – Арсенал (20.45 часот)

Ова е дерби на 16-финалето во Лига купот на Англија. Двата премиерлигаши одлично ја отворија сезоната во првенството, а бидејќи имаат повредени играчи, во Купот би требало да се појават со комбинирани состави во кои ќе нема некои од ѕвездите. Но, кој и да добие одмор, ова ќе биде возбудлив меч. Арсенал има серија од осум меча на кои дава гол, но гостувањата кај Лестер им се проблематични. Топчиите не ги победиле Лисиците на гостински терен уште од 2015 година.

Предлог тип: Х (3.25)

 

1112 Моркомб – Њукасл (20.45 часот)

Гостувањето кај четвртолигашот за Њукасл е идеална прилика да победи и да си ја врати самодовербата по убедливиот пораз од Брајтон. Чавките, кои имаа турбулентно лето во кое не знаеја дали ќе добијат нов супербогат газда, сезоната во Премиер лигата ја почнаа со победа и пораз. Моркомб викендов дома загуби од Кембриџ со 0-5, но вечерва ќе бидат помотивирани. Њукасл во 2013 година славеше со 2-0 на единственото гостување кај Моркомб.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.97)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Лестер – Арсенал Х2 & 2+ (1.95)

Челзи – Барнсли Т1 1+I & T1 3+ (2.20)

Олимпијакос – Омонија 1 & 2-4 (2.10)

- Оглас -

Најнови вести