Олимпик Марсеј влезе во криза, Анже извлече бод на „Велодром“

Олимпик Марсеј не успеа да им се врати на победите и по поразот од Стразбур (1-0) во минатото коло сега одигра 1-1 на домашен терен против Анже. Тимот на Роберто де Зерби беше голем фаворит, но нервозните домашни фудбалери не покажаа игра каква што се очекува од нив.

Во првите половина час и двете екипи останаа со фудбалер помалку, а на одмор се замина со почетниот резултат.

На стартот на второто полувреме Олимпик Марсеј поведе со голот на Џон Роу во 51-та минута, но Анже возврати брзо, само три минути подоцна, со погодокот на Фарид Ел Мелали.

- Оглас -

Најнови вести