„Олимпико“ му се поклони на Миха, лацијалите не ги забораваат легендите

Пред почетокот на средбата Лацио – Болоња во Рим, тренерот на гостите Синиша Михајловиќ, замина кон северната трибина на „Олимпико“ каде што се најверните навивачи на Небесно-сините, а таму на атлетската патека го пречекаа неколку водачи кои му дадоа подарок, во знак на благодарност за тоа што го има направено во минатото.

Михајловиќ се бори со леукемијата, а освен поради тоа, поддршка од фановите на Орлите доби и поради тоа што беше член на шампионскиот состав на Лацио од 2000 година. Римскиот тим изненадувачки сезонава се бори за скудетото и можеби ќе успее да го повтори успехот од пред две децении.

Синиша доби овации од полните трибини, а на сликата којуа ја доби како подарок, го има како им отпоздравува.

„Секогаш храбар, со борбен дух, во најважната битка која ја водиш, ние сме со тебе. Напред Синиша“ – пишуваше на транспарент на северната трибина каде се навивачите на Лацио. Лацио ја победи Болоња со 2-0, и привремено го презеде првото место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести