Олимписки супер вторник, подгответе се за лудило!

Утрешниот ден на Олимписките игри во Токио ќе биде многу интересен бидејќи повторно во многу спортови и дисциплини ќе се доделуваат медали, а во фудбал, кошарка и ракомет за мажи ќе се играат елиминациски мечеви.

Во атлетика, вторник ги носи финалињата во скок во далечина за жени, трката на 400 метри со пречки за мажи, скок со стап за мажи, фрлање кладиво за жени, како и финалните трки на 800 и 200 метри за жени.

Во кошарка, се играат сите четири четвртфиналиња, почнувајќи од 3 часот по полноќ до 14 часот, за кога е закажан стартот на пресметката на Австралија и Аргентина.

И во ракомет се играат сите четири четвртфиналиња за мажи, дербијата помеѓу Данска и Норвешка се од 10, а Шведска – Шпанија рано наутро од 6.15 часот.

Утре ќе ги добиеме и финалистите на фудбалскиот турнир. Мексико и Бразил играат од 10, а Јапонија и Шпанија од 13 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести