31.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Олимпискиот првак во двор си тренира скок со стап (Видео)

За разлика од многу други спортисти, атлетичарот Рено Лавилени, кој се натпреварува во дисциплината скок со стап, не е принуден да импровизира во својот дом или двор, туку може вистински да тренира и да се подготвува.

Французинот Лавилени, кој беше и олимписки првак на ЛОИ во Лондон 2012 година, трикратен светски и европски првак до неодамна и светски рекордер во скок со стап во сала, во својот двор ги има речиси сите потребни услови за да тренира како да е на стадион. Тој се пофали дека во својот двор прескокнал 5,61 метри, што е одличен резултат со оглед на пократкиот залет во однос на стадион.

https://twitter.com/i/status/1246492741233790979

- Оглас -

Најнови вести