Олимпискиот шампион ја доби драмата против светскиот, Франција по продолженијата дојде до четвртата европска титула

Ракометната репрезентација на Франција е нов европски шампион откако во финалето на ЕП кое се одржа во Германија ја совлада Данска со 33:31 по продолженијата и по четврти пат во историјата ја освојува титулата.

Ова е четврта европска титула за Франција ѝ и се приближи на една титула на најтрофејната Шведска, додека Данците остана на два триумфи на континенталните собири.

Денешното финале претставуваше реприза од финалињата на Светското првенство во 2023 година и на Олимписките игри 2021 година на кои двете селекции по еднаш триумфираа. Минатата година Данска по третпат едноподруго стана светски шампион откако во финалето беше подобра од Франција со 34:29, додека Триколорите на ОИ во Токио ги совладаа Данците со 25:23.

Французите до победата дојдоа на идентичен начин како и во полуфиналето, по продолженијата од двапати по пет минути откако во регуларниот дел беше 27:27. Мечот во продолженијата го однесе Лудовик Фабрегас со голот кој го постигна на 29 секунди до крајот.

Во продолжението први поведоа Данците преку Киркелоке, но Французите со двата гола по ред на Фабрегас и Дика Мем поведе со 30:29, а Мем потоа постигна уште еден гол за 31:29, предност која се покажа недостижна за Данците. Победата ја завери Лене и на Франција и ја донесе четвртата европска титула.

Фабрегас со осум гола беше најпрецизен кај новиот европски шампион, додека Микел Хансен даде девет, а Матијас Гидсел осум гола за Данска која не успеа да ги обедини светската и европската титула.

- Оглас -

Најнови вести