Олимписките игри ќе бидат само за Јапонците – Забрането е присуство на навивачи од други земји

Јапонските медиуми објавија дека странци нема да можат да присуствуваат на Летните олимписки игри во Токио, што ќе се одржат од 23. јули до 8. август годинава.

Во договор на јапонските власти со градските на Токио и со претставниците на Меѓународниот олимписки комитет донесена е одлука да не се дозволи присуство на олимписките борилишта на навивачи од странство.

Причина е стравот од ширење на паденмијата со Ковид-19, а негативно ќе влијае на сите симпатизери на олимписките игри, освен на Јапонците.

Игрите требаше да се одржат лани, но беа пролонгирани поради корона-вирусот. Објавено е дека досега се продадени околу 900 илјади влезници за големуто спортски настан во Токио од 23. јули до 8. август.

- Оглас -

Најнови вести