Олисе со страшен гол во судиското продолжение ги шокира Црвените ѓаволи од Манчестер (Видео)

Мајкл Олисе постигна еврогол од слободен удар за Кристал палас во првата минута од судиското продолжение и го шокира Манчестер јунајтед со реми 1:1 во заостанат меч од Премиер лигата.

Олисе погоди од многу тешка позиција откосо, а голот е уште поатрактивен бидејќи топката од пречката заврши зад грбот на Де Хеа.

Претходно Бруно Фернандеш го постигна единствениот гол за Манчестер јунајтед во финишот на првиот дел.

Португалецот беше прецизен во 44. минута, но се покажа како недоволно за победа и продолжување на серијата од 7 победи.

Голманот Де Хеа, кој имаше две исклучително добри одбрани, по една во првото и во второто полувреме на крајот беше трагичар и е виновен за израмнувачкиот гол на Кристал палас.

https://twitter.com/centredevils/status/1615815607160819712?s=20&t=Fg4ONrD64YvnDeRZ45AD9Q

Со ремито 1:1 вечерва Манчестер јунајтед е втор со 39 бода, колку што има Манчестер сити, со 8 бода помалку од лидерот Арсенал, кој има и меч помалку, исто како и Сити.

Викендов, односно во недела од 17.30 часот во Лондон токму овие две екипи, Арсенал и Манчестер јунајтед ќе играат меѓусебе.

Хендикеп за гостите од Манчестер ќе биде отсуството на Каземиро, кој вечерва доби петти жолт картон и нема право да игра на дербито на „Емирејтс“ во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести