Омилен е во Неапол – Елмас му направи пресврт на Лаурентис, го бранат навивачите што го подржуваа сопственикот на клубот

Елиф Елмас е омилен во Неапол и кај симпатизерите на Наполи, а во неговиот случај ќе зијани Аурелио Де Лаурентис, кој направи погрешен чекор со најават за нова казна за македонскиот репрезентативец.

Елмас наводно го прекршил молкот со изјава, во моменти кога на играчите им беше забранет контакт со медиумите, па беше најавена казна за летното засилување на Наполи. Тој веќе е казнет парично поради бунтот на сите фудбалери на Наполи, кои одбија да бидат во карантин една седмица и во тој случај Аурелио Де Лаурентис доби поддршка од навивачите.

Но, сега се случи вистински пресврт, па сопственикот на Наполи и раководството на клубот добија жестоки критики за случајот со Елмас.

„Ова е невиден циркус. Со кловнови во раководството на Наполи. Кај го најдовте токму Елмас, момче кое е пристојно и игра со срце за клубот. Греота е вака јавно да се понижува млад играч, кој дава се од себе во дресот на Наполи“, е само еден од коментарите, кои се критички настроени кон одлуката зад која стои Лаурентис.

Состојбата во Наполи е хаотична, контроверзниот сопственик на клубот најави метла за неколку играчи, кои ги означи како предводници на бунтот, но само Елмас, кој е меѓу најмладите е пред двојна казна, ако се сотварат најавите на челниците на Наполи.

Речиси сигурно во змискиот преоден рок ќе си заминат Инсиње, Мертенс, Алан, веројатно ќе биде пордаден и Кулибали, а се шпекулира дека и познатиот филмски продуцент сака да го продаде Наполи.

- Оглас -

Најнови вести